Таг: ајакс амстердам

Со мајсториите на Михтарјан и Ибра, Манчестер оди понатаму

Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.

Ајакс му прати 27 гајби пива на шкотски петтолигаш

Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.

Тренинг тајните на славниот Ајакс од ’90-те

Холандскиот Ајакс важи за клуб со најдобра младинска академија на светот. Тоа и не е толку непознато, колку што беше непознато како тренирале Давидс, Клајверт, Ван дер Сар, Бергкамп, Овермарс, Рајзигер, Богард. Некој од вас сигурно вакви работи имал на физичко во основно.

Прв црвен картон во Холандија по видео сугестија

Ајакс синоќа во холандскиот Куп со 5:0 го победи Вилјем Втори, но главен момент на мечот беше црвениот картон кој го доби гостинскиот играч Ануар Кали и тоа после асистенција на видео технологијата.

Како комшијата тренер од хулиганот Милик направил фудбалер

Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.

Како Златан ги тепал соиграчите во секој клуб и бегал од полиција

Во автобиографијата насловена „Јас, Златан Ибрахимовиќ“, Ибра открива за бројните тепачки со колегите низ годините. Пишува за скршеното ребро во тепачката со Огучи Онјеву во Милан, за тоа како одел кај курвите во Малме да прави циркус со муштериите.

Како Конте ги решава проблемите на Челси

Во својот престој во Јувентус, Конте често со бодликав стап знаел да ги опоменува играчите кои не трчаат на тренинзите. Од Челси сака да направи компактна екипа која ќе го игра најдобриот пресинг во Европа.

Населбата во Малме во која растел Златан

Од 19. мај во неколку европски земји играше премиера на филмот „Златан. Почетокот" кој раскажува за младоста на напаѓачот на Шведска. Во својата биографија, Ибра на многу места зборува за Малме, градот во кој се родил, живеел, учел и ја почнал фудбалската кариера.

Кореографиите во чест на Кројф

Синоќа за време на Ел Класико во Барселона, домашните навивачи направија спектакуларна кореографија во чест на холандската легенда. Со натпис Gracies Johan (Фала Јохан), Камп Ноу ги пречека фудбалерите на двата тима. Денес, Ајакс играше против Цволе и на Амстердам Арената исто се откри преубава кореографија во чест на големиот Кројф.

Почина Јохан Кројф

По тешката борба со ракот денеска на 68 годишна возраст почина легендарниот холандски фудбалер и тренер Јохан Кројф.

Едвин Ван дер Сар се врати на голот

Легендарниот 45-годишен Холанѓанец кој стана еден од најдобрите голмани во клупската историја на Јувентус и Манчестер Јунајтед се согласил да му помогне на клубот со кој го врзуваат убави спомени.

Барем еден се метна на него

Џастин Клајверт, еден од четирите сина на Патрик игра за тимот на Ајакс до 16 години. Младиот талент ги потсети навивачите на овој клуб како отприлика изгледаше голот на Златан Ибрахимовиќ кога ја изора цела противничка екипа како бавча.

15 години Ултрас Ајакс

Навивачката група ВАК410 од Амстердам синоќа го прослави својот 15-ти роденден со пригодна пиротехника и громогласно пеење.

Трејлер за филмот за Златан

Раскажува за првите фудбалски чекори во Малме, за детството во снежната Шведска, за развојот на кариерата во Ајакс каде пред 55.000 луѓе морал да докажува зошто е платен толку милиони.

Се сеќавате ли на Марк Овермарс?

Во историјата на фудбалот има фудбалери кои освоија многу трофеи, а повредите ги спречија да направат уште повеќе. Таков беше Холанѓанецот Марк Овермарс кој играше во Ајакс, Арсенал и Барселона.

Како да стигнеш од врвот до дното во дождливата Ибица

Необичната судбина и пороците ја однесоа низ вода кариерата на еден од најталентираните холандски фудбалери на почетокот на новиот милениум, Енди ван дер Мејде.

Лудило во 95-та минута

De Klassieker, како што е познато вечното дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ајакс Амстердам мина во напната и тензична атмосфера. По нередите во 1997. во кои загина едно лице и големите инциденти во 2005. година на Де Кујп во Ротердам, во 2009. година следуваше одлука со која се забрани присуства на гостинска публика во следните пет години. Во меч од купот синоќа, Феенорд славеше 1-0 со автоголот на Велтман.

Фудбалскиот генијалец кој не успеа да ги остави цигарите

„Во животот бев зависен од две работи, од фудбалот и од цигарите. Фудбалот ми даде се во животот, а цигарите ми земаа речиси се“, изјави Кројф во една кампања во борбата против пушењето.

Тројната круна на Ајакс без пораз

Во модерниот фудбал има серии на непобедливост, рекорди на голмани кои не примиле гол преку 900 минути и по пет голови за 9 минути. Рекордот на Ајаксовата генерација од 1994/1995 сè уште не е стигнат.

Ел Гази е новата ѕвезда на европскиот фудбал

Анвар Ел Гази, Холанѓанецот со мароканско потекло има 20 години а веќе одигра 59 натпревари за првиот тим на Ајакс и постигна 19 голови. Ел Гази пред неколку дена одлучил да настапува за Холандија, иако имал право да игра и за Мароко.

Од татко на син - Ајакс Амстердам е традиција

Со 23, 24 години веќе си стар првотимец на Ајакс и време ти е да му донесеш заработка на клубот со трансфер во поголемите европски клубови. Затоа момците на 17,18 години веќе треба да бидат спремни за предизвиците на првиот тим. Тоа е филозофијата на Ајакс Амстердам.