„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Македонските навивачи се хит на Европското по многу основи, а еден од оние кои привлече внимание на социјалните мрежи е тој со тапанот кој го дупна за Македонија.
Пријателски почнаа, пријателски се разделија. Ете тоа е убавината на фудбалот. Македонија и Украина синоќа играа меч вреден осминафинале, а нивните навивачи покажаа како се слави еден фудбалски празник наречен Европско првенство. Респект момци за скандирањево.
Во Букурешт утринава е фудбалски празник за Македонија, а после фотографиите и снимкиве ќе помислите дека ние сме домаќини, а не Романците. Синоќа журката беше на дожд, а денеска огреа сонце, па редот е да се угаси жедта и тоа на шампионски начин.
Македонските навивачи кои според некои проценки ги има околу 4.000 на Европското, веќе имаат стаж од три - четири дена таму, па споделуваат корисни информации и совети за некој што ќе се реши да патува за мечот Македонија - Украина. Фрлете око.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.