Фудбал нема повеќе од еден месец (освен во Белорусија и Таџикистан) и сега сфаќаме колку важен дел од животот пред коронавирусот беа директните преноси од натпреварите.
Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Заразени се по еден кошаркар на Јута и Реал Мадрид, и по еден фудбалер на Јувентус и Сампдорија. Фудбалот го стопираа и во Шпанија, а кошарката во НБА и Евролига. Кај нас од денеска прекинуваат фудбалските и кошаркарски првенства. УЕФА конечно гукна и најави одлука за ЕП 2020.
Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.