Начинот на кој американските медиуми пренесуваат за Путин, Сочи и Украина, претставува медиумска злоупотреба која се рашири и сега е нов стандард во работата, пишува најстариот американски магазин The Nation.
Дарко Дамјановски е првиот Македонец што настапи на Зимските Олимписки игри во Сочи. Претпладнево тој на квалификациите во дисциплината спринт заврши на 78-та позиција од 86 натпреварувачи.
Кошаркарската репрезентација на Македонија пласман на следното Европско првенство ќе брка во квалификациската група Д каде за противници ги доби селекциите на Белгија, Белорусија и Данска.
Името буквално значи златен орел, а секоја област и голем град во Украина имаат по една единица на Беркут. Оригинално нивната задача била борба против организираниот криминал, сега претежно се користат за контрола на толпи и немири.
Украинскиот новинар Тарас Илкив (уредник на Newsradio.com.ua, а претходно Korrespondent.net) чувствува дека луѓето надвор од Украина не разбираат најдобро што сакаат Украинците да добијат од демонстрациите и зошто тие се случуваат. Затоа ја составува оваа листа.
Откако за околу Нова година се смирија некако демонстрациите и немирите во Украина, во неделата повторно пукна во земјата заради новиот закон со кој се забрануваат протестите. Денес (вторник) вака изгледа ситуацијата во Киев.
Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското ракометно првенство помеѓу репрезентациите на Словенија и Украина им припадна на домаќините кои победија со 35:23, но дуелот ќе остане запаметен по општата тепачка помеѓу ракометарите.