Препознатливиот термин за ЛШ од 20:45 оди во историјата и ќе биде заменет со два термини, што значи дека ќе имаме можност да гледаме повеќе фудбал. Убавини. Новите правила им одат во прилог на Италијанците кои повторно ќе имаат 4 претставници во елитата.
По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.
По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?
Додека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер најавува што поскоро воведување на некој од системите кој ќе покажуваат дали топката ја поминала гол-линијата, неговиот колега од УЕФА, Мишел Платини смета дека тоа ќе биде историска грешка.
Челниците на УЕФА потврдија дека барем до 2015-та година немаат намера да го менуваат правилото со кое шест фудбалери од Челси и Баерн Минхен ќе го пропуштат финалето од Лигата на шампиони заради жолти картони.