На првото градско дерби оваа сезона Манчестер Сити славеше на Олд Трафорд со 1:6, а овој пат на најважниот натпревар тие на домашен терен го победија ривалот Јунајтед со 1:0 и се израмнија на врвот на табелата на две кола пред крајот.
Сепак трката за титулата во Премиер лигата е далеку од решена и за шампионот на Англија ќе се одлучува во понеделник, 30 април на големото дерби на Манчестер. Актуелниот шампион со нов кикс му дозволи на Сити да се доближи на -3.
Навивачите на Манчестер Сити чекаат титула веќе 44 години, но ќе треба да чекаат барем уште една. Тие беа на првата позиција цели пет месеци, но сега заостануваат пет поени. Кои се причините за падот на Манчестер Сити?