Денис Роман бил во некој камп на американска војска како гостин и таму поминал низ сите дупки, сите сакале да го запознаат, да помуабетат со него, да се сликаат, да му раскажат за тоа како живеат. Во еден момент поминал до група американски војници со хрватско потекло кои вриштеле од смеење. Му паднало интересно да види што гледаат, па му објасниле дека во Хрватска во живо оди емисија без никакви рестрикции, забрани, стегања. Тој се воодушевил и рекол дека би гостувал во таа емисија кога ќе може.
Симпатичниот, харизматичен 45-годишен холандски стратег има сјајни резултати во досегашната тренерска кариера. Но сега го чека далеку поголем, огромен предизвик. Седнува на клупата на повеќекратниот европски првак и еден од најголемите клубови на светот. Ќе го издржи ли притисокот во најсилната лига?
Имаме објавено разни пакетчиња од Цане Патрибрејкерс, дечкото кој е енциклопедиски пример за лежерно куроболие. Ова е мало и слатко видео пакетче. „Дали би отворил концерт на Цеца?“ прашува новинар кој e убеден дека е јако оригинален. Цане го сослушува прашањето и на попот кој седи до него, му вика: Попе, за овој да се појачаат молитвите.
Слушајте го ехото, почувствувајте ја атмосферата и гледајте ги фаците на терен. Свен Горан Ериксон vs Алберто Ѕакерони. Неста, Михајловиќ, Верон, Бокшиќ, Салас од едната, Малдини, Костакурта, Албертини, Шевченко, Веа од другата страна. 25 години поминало од оваа легендарна средба која заврши со спектакуларни 4:4. Како вчера да беше. Хет-трик на Шева. 65.000 на Олимпико.
Легендарниот Андриј Шевченко вчера беше во Скопје. Фаца е дечкото, нема што, ќе се потсетиме малку на него. Иако еднаш го раскрварија на Градски, па се налути и си отиде. Има и видео од тоа.
Благодарејќи на поплавата од подкасти која потсетува на некогашната манија за отворање „пица на парче“, “скара на кило“ или “салатари“ (искрено им посакуваме да не завршат така), се појави и нешто што малкуцка замирисува на нашата најомилена емисија на просторите на екс Ју, феноменалната „Ноќна мора“ на Жељко Малнар. Мотивите им се различни од оние на Шева, Јаран, Брацо и компанија, ама нивото е тоа.
Манчестер Јунајтед вечерва игра против големиот Баерн Минхен во Лига на шампиони но за пласман понатаму не зависи само од својот резултат туку ќе го следат и резултатот од мечот во Копенхаген каде гостува Галатасарај и каде им треба нерешен исход. Но ако играат како на еден од последните тренинзи, маф им е работата.
Овогодинешна емисија со преживеаните од најлегендарната емисија во последните 30 години. Починаа Малнар, Шева, Тарзан, Лаки, Џамбо... преживеани се Брацо Циган, Јаран, Цезар, Анѓа, Дубравка... Два саата е, ама вреди. Ќе дознаете дека Цезар уствари поправа веш машини а дека транџата Анѓа (која бааги има добиено на кубикажа) е против геј паради.
Во една од најголемите европски трки за титула стриктно со три клуба, сега изненадно се вмешува и четврти. Од нигде никаде би се рекло малата Жирона има 10 победи и е прва во шпанска Ла Лига. Како?
Двете енормни легенди поради кои генереции и генерации го засакаа фудбалот, сега се сретнаа на мечот од хуманитарен карактер организиран во Словенија од првиот човек на УЕФА Александар Чеферин, со цел помош на луѓето загрозени од неодамнешните поплави. Џиџи и Шева одново беа очи во очи од пенал точката како пред две децении во финалето на Лига на шампиони меѓу Јувентус и Милан.
Горан Баре и Цане Партибрејкерс, искрено за своите пороци и финесите во разликите меѓу нив. Баре признава дека од 58 години, од 15 години бил на хероин а 20 години на кокаин додека „„Цане Пикасо“ махерски ги дефинира неговите младешки дилеми, „меѓу игла и кригла“.
Екипата е страшна и не случајно врза хет-трик на титули во ЛШ. Ќе се зборува за неа со години. Од момците кои ги нема сега во Мадрид, може да се забележат Роналдо, Марсело, Каземиро и се разбира Зидан.
„Пред финалето во Бари премногу не оптеретија и тоа многу ни тежеше. Имавме чувство дека ако не го освоиме пехарот, кога ќе се вратиме во Белград ќе не носат на стрелиште да не убијат. Таков беше притисокот од новинарите и јавноста. Ние тоа финале го одигравме во грч“.
Баварците го посипаа Вердер со 6 комада и само во првите 28 минути имаа постигнато 4 и плус Чупо Мотинг утна пенал. Она што може да го издвоиме од гостите е нивниот гол, единствен на средбата кој падна после акција ипол.
Шпанија ја чекаат два клучни натпревари за да го задржи првото место во група во Лига Нации: против Швајцарија и против Португалија. На тренинзите на селекцијата на Луис Енрике доминира капитенот на Барселона, Серхио Бускетц.
По сјајните групи кои ги донесоа ждрепките за Лига на шампиони во четвртокот вечер и Лига Европа денес, попладнево се влечеше ждрепка и за третото по ранг наптреварување во УЕФА кое има супер интересни екипи.
Пред 131 година е измислен пеналот во фудбалот. Правило воведено по една итрина на фудбалери на англискиот Нотс Каунти, еден од најстарите клубови на светот. Од лоб удари, Паненки, стативи, пречки, до солзи, емоции, злата на светски и европски првенства.
Славниот напаѓач синоќа за прв пат стапна на Сан Сиро во улога на тренер и тоа токму против својот тим во кој го направи блесокот на кариерата. Го пречекаа со убави зборови.
Тешко дека скоро ќе гледаме вакви тимови. Страшно дерби Милан - Јуве, на денешен ден, 9 декември пред 20 години, во 2001-ва. Пред 81.691 гледач Шевченко, Руи Коста, Малдини, Умит Давала, Гатузо, Албертини против Дел Пјеро, Трезеге, Недвед, Ѕамброта, Едгар Давидс, Монтеро, Буфон, Турам, Јулиано.
Само ден после феноменалната петарда против Ерменија, календарот вели време е за потсетување на нашата најголема фудбалска радост во историјата. Успех за кој мечтаевме три децении и неостварен сон на многу генерации кој стана реалност.