ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЛДП, ДОМ, Гром и Зелен Хуман Град гласаа ЗА и без ниту еден глас против, за Вардар да добие финансиска промош од Град Скопје. Градоначалничката ќе решава колкава ќе биде сумата.
Ахмети рече дека е дојдено времето Албанец да биде премиер. Така и ДУИ лани сметаше дека е дојдено време нивен емисар да располага со буџет од 10 до 15 милиони евра годишно, колку што легнуваат на сметката на ФФМ по разни основи. Со тоа ДУИ покажа невидена дрскост кога јавно се фали со партиско освојување на власта во ФФМ, без страв од последици по македонскиот фудбал.
„Имам на едно место кажано. Сите други новинари ќе ги купам со по 10 ќебапи, а ти ќе ми ги изедеш ќебапите и пак маме ќе ми ебеш“. Оф рекорд муабет на легендарниот претседател на Беласица со кој почнува ултра драгоценото видео на Јутјуб.
Случувањата во мак фудбалот и натаму тераат во свој стил, на дното. Еден од најголемите фудбалски градови продолжува да пати од таканаречените “спасители“ кои како тргнале ќе го однесат во стечај.