Во еден момент толку малку е потребно животот да тргне по права или крива насока. На своја кожа ова најдобро го осетил легендарниот НБА шампион, МВП и член на Куќата на славни.
По Коби Брајант, Тим Данкан и Амаре Стадемаер, годината 2016 ќе остане запаметена по крајот на кариерата на уште еден славен лик кој минатиов викенд стави точка а кој беше мост меѓу старата школа и футуристите.
Ветеранот на Бруклин Нетс не бил никогаш сметан за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Тој еднаш ја почувствува шампионската титула со Бостон, а кога ќе прочитате како му се полнела сметката во кариерата ќе сакате да ве посвои.