На македонскиот репрезентативец му беа потребни само 15 минути да го отвори резултатот на гостувањето против Ференцварош во квалификациите за ЛШ. Знаеме дека е играч од среден ред, ама кога ќе влезе во шеснаесетник се однесува како Луис Суарез.
Слован Братислава одигра 1:1 против Сутјеска во првото квалификациско коло од Лига на шампионите. Гостите израмнија дури во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со еврогол на Црногорецот Дамир Којашевиќ кој играше за Вардар во сезоната 2016/2017.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.