Некои од овие веќе сме ги имале, но сега се групирани тематски, и убаво илустрирани од Ема Блок. Читајќи ги ни е жал само за една работа - што никако не нè фаќа тоа „манабамате“.
Вака од уво, може да се каже дека македонскиот е прилично богат со зборови кои искажуваат чувства. На пример „сакам" може да биде и „имам мерак", „ќеф ми е" или „сакаааам!". Ама во некои јазици тие - зборовите и чувствата кои ги опишуваат - се поизнијансирани.