Капитенот на Галатасарај, Селчук Инан ја загуби битката со гигантот Samsung, откако судот во Истанбул го одбил неговото барање моделите Samsung S8 да се повлечат од употреба поради авторските права на логото.
Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.
По примерот на повеќе слични забавни талент шоуа, Парма и Лече организираат натпревар на таленти на кој млади фудбалери ќе се докажуваат за да добијат договор со италијанските клубови.