По руското бомбардирање на касарната во Јаворив по социјалните мрежи почнаа да се шират многу (многу непотврдени) сведоштва од наводни волонтери на украинската страна кои одеа во најразличен правец на пропаганда на двете страни (едно доста впечатливо од француски волонтер вика „многу е различно од Авганистан, таму ти ги нарачуваш ракетните напади, никој тебе не те гаѓа со ракети“). Нешто поофицијално од нив е разговорот што магазинот 1843 на Економист го има со британски волонтер кој бил и веќе се вратил од Украина.
15 март 2022 - 19:20