Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.
„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.
Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.