„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.
Навивачите на Вардар следната недела имаат јубилеен роденден кој ќе го прослават за време на македонско босанска пријателска пресметка. Ривалите се пофалија со нивниот транспарент.
Црвена Звезда не е единствената спортска институација од надвор која му оддаде почит на Кирил Дојчиновски. Сочувство изразија и Џани Инфантино, како и Фудбалската Федерација на Ел Салвадор.
Животниот фудбалски пат на славниот Киро е убаво раскажан во емисијата „Патот до успехот“ на една недела пред стартот на СП 2018. Тој не е само прв Македонец кој заиграл на Мундијал, туку и прв заедно со Методија Спасовски кои стапнале на Маракана во Бразил. Фоторепортерите го имаат фатено заедно со Пеле.
Извршниот комитет на Европската ракометна федерација одржа состанок во Љубљана на кој донесе одлука со која ќе има помалку тактизирање, а веројатно повеќе пенали.
Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.