Ако денешните тенденции продолжат во иста насока, речиси е неизбежно Кина да ја замени Америка како број еден сила на светот. Ќе биде тоа ред солзи - ред мрсули, а малку и ќе боли газето, јер најмоќните често се залажуваат дека тоа им е од Бога дадено. Што можат Американците да научат од британското оплакување на нивната изгубена империја?
Режисерот oд црниот бран на југословенскиот филм, Желимир Жилник, чиј филм Рани трудови цели 13 години беше во бункер, сведочи за неговото запознавање со Коча Поповиќ, дипломец на Сорбона, шпански доброволец, командант на армија и еден од оние кои најмногу го познавале Тито.
„Состојба на терор“ е дебитантско прозно дело на поранешната прва дама на САД и кандидатка за претседател. Издавањето на книгата поттикна дискусии околу тоа што ги тера политичарите да пишуваат фикции.
Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.
Како што го напушта Авганистан во хаос, пропаѓањето на Америка го отсликува она на Британија од пред еден век, и исто како и тоа може да предизвика поширок конфликт, пишува историчарот Ниал Фергусон во текстот за Економист.
Дали Хирошима би била бомбардирана ако јапонскиот содржеше израз со значење „без коментар“? Дали е во ред мисионерите да заменуваат „бело како снег“ во Светото писмо со „бело како печурки“ на места каде што снегот никогаш не паѓа? Кој, или што е мајката на Кузма, и зошто Никита Хрушчов бил опседнат со неа?
Черчил сметал дека желбата една нација да просперира преку сопствено оданочување е како човек кој стои во кофа да се обидува да се крене себеси со рачката. Но историјата е полна со кралеви и влади кои се обиделе да го сторат токму тоа, без оглед колку им била дупната кофата.