Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
„Да не беа другар ми Бруно на времето и татко му Итаир, тешко дека денес ќе бев на местото на кое сум, во Лига на шампиони со Атлетико Мадрид“, раскажува бразилскиот стопер Фелипе.