Македонскиот репрезентативец се истакна со нов прекрасен гест, односно со два овој викенд во кој Динамо Загреб имаше тешка и многу важна пресметка во борбата за титулата. Тоа се тие потези со кои се освојува публиката.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски играат во клуб кој е голем не само поради успесите, туку и поради потезите кои ги влече, а се во интерес на фудбалот и пред сè човечноста.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.