Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
17-годишниот Едуардо Камавинга до пред само неколку месеци бил одбиен за документи од Ангола и од Франција. Во голем пожар куќата на неговото семејство изгорела до темел. Живееле во тешки услови и сиромашно. Реал спрема за него повеќе од 100 милиони евра.
За време на мечот Франција - Португалија од Лига Нации, на теренот се сретнаа Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе. Францускиот бисер беше пресреќен што разговарал со својот идол.
Најголем трансфер бум во Италија направи Федерико Киеза, златното дете на Фиорентина кое потпиша со Јувентус. Таму го чека чичко Џиџи, кој му доаѓал на гости како мал.
Неверојатната животна драма на Жан-Пјер Адамс, фудбалерот кој роден во Дакар (Сенегал) дошол во Франција со баба му на поклоничко патување и останал да игра фудбал во оваа земја.
Во 1991 година Роби Баџо се враќа во градот на Медичи откако со голем успех го носеше дресот на Фиорентина. Доаѓа со неговиот нов клуб Јувентус и во еден момент од мечот одбива да го изведе пеналот за Јуве. Му го дава на Де Агостини кој промашува и Фиорентина на крајот слави 1:0 со гол на Диего Фузер.
Сме чуле за дресирани болви, за кокошки кои знаат математика (од филмот „Баладата за Бастер Скрагс“), за дресирани свињи кои се дел од историјата на циркусот и карневалите, ама едно нешто до сега немавме сретнато: дресирани алигатори.
Ноќта меѓу 9 и 10 февруари во Лос Анџелес се одржа 92-та церемонија на доделување на премиите Оскар. Меѓу филмовите „Џокер“, „1917“ и нашата „Медена земја“, имаше и еден интересен краткометражен.