Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Вардарци го загубија и вториот меч во низа од Кјелце, ама ЕХФ го величи човекот кој и на 37 години не престанува да прави магии со топка. Уживајте во најновата која не е од оние со вртена, во изведба на најдобриот стрелец на Вардар во ЛШ со 532 гола.
Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
Мак фудбалот кој и онака е тапа со посетеност, сега нема ич публика, тоест забрането е. Викендов се играше градско дерби на два љути ривали, Вардар vs Шкупи или Слога по старо. Црвено црните славеа 1:0, а Комити беа во транс во нивната база на само неколку метри од Градски.
РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.
Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.
И покрај тоа што нема да биде доделен пехар, сепак ФК Вардар е прогласен за шампион на сезоната 2019/2020 која беше предвремено прекината поради Ковид 19. Нивните најверни навивачи славјето го направија во Градски парк во нивни стил. Црвено црните завршија први со 10 бода предност пред Силекс.
Доста со жонглирање тоалетни, челинџи, седи си дома, остани си итн итн. Кога нема ништо за гледање, дајте да се потсетиме на нешто магично. 4 јуни 2019-та, во Скопје и никаде на друго.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.
РК Вардар е во кризен период, а синоќа загуби убедливо од Кил со 11 гола разлика, исто како во Јане Сандански. Но и покрај тоа европските прваци никаде не останале без поддршка. Комити се појавија и во Германија.