Маркос Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите леви бекови во англиската Премиер лига, ама веќе некое време не може да се спои со топката. Тренерот Лампард со право го држеше на клупа, а вчера против Ајакс реши да му даде шанса. Така играше што на полувреме го извади од игра и го стави малиот Рис Џејмс кој му донесе на Челси 4-4 во 74’ минута со убав дебитантски гол.
Елиф Елмас синоќа имаше деби од соништата во Лига на шампиони. На Сан Паоло славеше против европскиот првак, а меѓу македонските гледачи се појави селекторот Игор Ангеловски.
Ваква критика да читаш за македонски репрезентативец кој има само 19 години и тоа за клуб кој со сите сили се обидува да го симне од тронот Јуве, значи дека треба да бидеме горди и сигурни дека после Пандев ќе има кој да се грижи за Македонија.
Кога пред две години Мауро Икарди две илјади пати го прашаа за Реал Мадрид, тој одговори дека ќе остане во Интер додека не го избркаат на сила. Тогаш делуваше смешно, но денес е јасно дека попрво Занети ќе отиде во Јувентус отколку Икарди да добие нов договор.
Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.
Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.
Кога сте виделе последен пат тренер во Премиер лига да прави измена, а играчот да нејќе да му излезе? Па ние не паметиме вакво нешто, а се случи на синоќешното финале од Лига Купот меѓу Челси и Сити. Во маало не проаѓа ова.
По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.
Во последниве две години, ширум фудбалските стадиони во Европа често се пее една неверојатно певлива мелодија која настанала пред 34 години од италијанското дуо Ригеира.