Во октомври 1853 група луѓе се собрала во Лин, Масачусетс, и почнала да работи на мистериозна машина. Навидум обична метална конструкција, таа била наречена Нов мотор, на кого му се припишувале божествени својства.
Маргините на средовековните ракописи често содржат многу поинтересни приказни отколку нивниот формален текст. Една од нив се однесува на извесна Џоан, или по нашки Јованка од Лидс, калуѓерка која очајно сакала да ја отфрли мантијата.
Студија спроведена од австралиски истражувачи повикува на масовно повлекување на повеќе од 400 научни трудови поврзани со трансплантанција на органи. Причина: сите органи врз основа на кои биле правени трудовите биле неетички добиени од кинески политички затвореници
Ричард Врангам се смета за еден од водечките истражувачи на човечката еволуција. Темата на неговата нова книга, која излезе денес, 29.1, е стара но сè уште актуелна - како да се разбере симултаното постоење на сурова агресивност и кооперативно однесување кај луѓето.
Ако денес го посетите Лувр, ќе забележите две работи: огромно обезбедување и постојана гужва околу портретот на жената со мистериозна насмевка. Пред само еден век го немало ниту едното ниту другото. А едно утро во 1911 ја снемало и сликата.