Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.
Роден е на 5 март 1998 година во турското градче Карамурсел. Има 21, а веќе игра како да има безброј сезони во кариерата. Антиципација одлична, снажен во воздушни дуели, уште појак на земја, долг чекор, сигурен на топка и уште подобри долги топки. Има и од кого да учи, а Јуве е среќен што го најде наследникот на Џорџоне.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини беше човекот кој ја направи потребната смена на генерација и тоа му донесе фантастичен резултат. Растурија во квалификациите и најавуваат поход на злато со фудбалери кои се полу-анонимни за светски рамки.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.
Од сезоната 2021/22, УЕФА сериозно ќе ја смени структурата на еврокуповите. Овие промени нема да ја тангираат Лига на шампиони, но затоа групната фаза на Лига Европа ќе се скрати на 16 клуба и ќе се појави трет еврокуп.
Фудбалерите на хрватскиот шампион со четири парчиња во мрежата ја испратија Аталанта назад во Бергамо. Сити сигурен во Украина, реми меѓу Атлетико и Јувентус во дербито.
Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.