Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.
Во текот на мечот Челси - Нотингем Форест од ФА Купот, целиот „Стемфорд Бриџ“ сфати дека овој натпревар ќе биде последен за Сеск Фабрегас не само за Челси туку и воопшто во Англија.
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
На мечот Арсенал - Фулам (4-1), за домаќинот во Премиер лигата дебитираше 17-годишното крило Букајо Сака кој влезе во историјата како прв играч роден во 2001-ва.