Еден од најдобрите фудбалери во англиското првенство и повремен капитен на шампионот Манчестер Сити вели дека ни самиот не може да сфати како успеал да се справи со тешкиот товар кој животот му го ставил на раменици.
Жозе е најтажниот тренер летово. Прво го викнаа да анализира натпревари од Светското на канал кој немаше права на пренос, после поради обврски го пропуштил полнолеството на ќерка му, па му почнале фудбалските проблеми.
Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.
За еден сер Алекс Фергусон да му се обрати на Мурињо и да му препорача дете, за него уште голобрад да се борат Шкотска и Англија, тогаш стварно треба да си бисер каков што е Скот Мектоминеј - новиот миленик на навивачите на Јунајтед.
Повремениот англиски репрезентативец Адам Лалана се врати од повредата и формата ја крева во резервниот тим на Ливерпул (У-23) за кој играат претежно млади играчи. На мечот на младинците против Тотенхем во 63’ минута, Лалана после еден дуел со Џорди Марш го фати малиот фудбалер за врат со ММА потег. Ги раздвои Дени Ингс кој исто игра за резервите на „Црвените“. Лалана одма доби црвен картон.
Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.
„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.