Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
Најголем трансфер бум во Италија направи Федерико Киеза, златното дете на Фиорентина кое потпиша со Јувентус. Таму го чека чичко Џиџи, кој му доаѓал на гости како мал.
Во 1991 година Роби Баџо се враќа во градот на Медичи откако со голем успех го носеше дресот на Фиорентина. Доаѓа со неговиот нов клуб Јувентус и во еден момент од мечот одбива да го изведе пеналот за Јуве. Му го дава на Де Агостини кој промашува и Фиорентина на крајот слави 1:0 со гол на Диего Фузер.
Надалеку е позната анегдотата кога Рио Фердинанд „го искинал“ на пинг-понг пред соиграчите од Манчестер Јунајтед кои урлале и се смееле, па Роналдо кивен што изгубил, го натерал брат му да му купи маса за пинг-понг и се усовршил.
Откако на социјалните мрежи веќе неколку недели се објавуваа видеа од едно помало дете кое шутира слично како Дибала и ја имитира неговата фамозна прослава со маска преку лицето, Аргентинецот упатил апел да го најдат малиот за да го запознае лично.
И покрај тоа што остана верен и доследен до традицијата, до принципите и вредностите, Клаудио Маркизио не можеше да фати чекор со обидот на Јувентус глобално да се модернизира, обид во кој нема место за сентименти.
Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.