Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.
Македонските клубови ги добија противниците во новата сезона од Лигата на шампионите. „Металурзите“ од Автокоманда можат да бидат позадоволни затоа што добија ривали по мерка.
Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров во сабота со почеток од 18 часот одат на мегдан со Вардар. Прв Фајнлфор за Борко и Вардар, петти за капитенот на Македонија. И двајцата ракометари на Барселона со слични изјави дека вакви натпревари не можат да се предвидат.
Со 10 победи и 4 порази кои им донесоа лидерска позиција во групата Б и директен пласман во четвртфинале каде го елиминираа Флензбург, момците на Раул Гонзалес стигнаа до историски Ф4 во Келн. Мечот на 3 јуни против Барселона се ближи. ЕХФ не потсеќа на патот на Вардарци до завршницата.
27 април 2017 ќе биде запаметен како датум испишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. По пласманите на ЖРК Вардар во Ф4, конечно и ракометарите на Вардар се најдоа во друштво на големата европска четворка. Последниот напад против Флензбург кој делуваше загубено во Јане Сандански, како и поголемиот дел од мечот навивачите го гледаа застанати на нозе нетрпеливи да истече и последната 60-та минута од историскиот меч. На крајот сите во еден глас: шампиони, шампиони.