И покрај добрата игра и шансите, Вардар загуби од Динамо Загреб и на реваншот на Максимир ќе патува со негатива, Добра атмосфера, солидно навивање и многу неискористени прилики за Црвено-црните.
Македонскиот шампион немаше среќа на првиот квалификациски дуел за Лигата на шампионите. Пропушти многу шанси, особено во вториот дел, а тоа скапо ќе ги чини бидејќи во Загреб ќе патуваат со негатива од 1:2.
Квалификацискиот дуел за ЛШ меѓу Вардар и Динамо Загреб ги врати Хрватите во 1958-ма и 1982-ра бидејќи во тие две години титулите во југословенското првенство ги освојуваа во Скопје. Мечот од 82-ра го опишуваат како улична борба.
На последниот тренинг пред дуелот со Динамо Загреб во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Комити вечерва на теренот во Хиподром (Динамо тренираше на Филип Втори Арената) со песна и бакљи ги мотивираа фудбалерите да „гинат на утрешниот меч“.
Капитенот на Вардар, Грнчаров изјави дека без разлика што Динамо е фаворит на хартија, тие ќе се обидат да го демантираат тоа на теренот. Динамо доаѓа во полн состав, со репрезентативците.
Освен по ривалството во бивша Југославија, дуелот меѓу Динамо Загреб и Вардар не наведува да го гледаме и низ призма на инцидентите на ЕП 2016 каде учесници беа неколку хрватски хулигани меѓу кои се верува дека има и поддржувачи на Динамо, а противници на Мамиќ.
Македонскиот шампион ќе ја започне европската авантура од 2. коло против еден од најтешките противници, хрватскиот првак Динамо Загреб. Скопјани четврти пат во последните пет години ќе се обидат да стигнат до целта.
Со триумфот над Шкупи од 2:0, црвено црните на едно коло до крајот на сезоната се на 5 бода пред Шкендија и со тоа стигнаа до својата јубилејна 10-та шампионска титула во својата историја. Поради казната од ФФМ, мечот го играа во Пробиштип од каде почна славјето.
На површина од 1.152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории, ФК Вардар ја претстави фудбалската академија сместена до арената Филип Втори во која професионално тренираат 400 деца. Како компарација од Вардар велат дека најблиску до оваа академија од ваков тим во регионов е онаа на Партизан. Убаво.
Македонски фудбал, прва лига. Датум: 10 април 2016-та. Локација: Кратово. Фудбалерите на Силекс го победија лидерот на табелата Вардар со 3:2, но тоа што изненадија со резултатот не е толку интересно колку што изненадија со начинот на славјето кое не е видено до сега во Македонија, освен на улица.
Левски и ЦСКА Софија се соочија со порази од Вардар во Балканика купот одигран во Сандански за играчи од генерацијата 2004-та. Иднината на Вардар ја води нивниот легендарен голман, Слободан Мутибариќ кој беше дел од шампионскиот тим на Југославија 1987 година. Децата со препознатливата песна на Комити им упатија поздрав од Бугарија.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија има многу мотиви за пролетниот дел од сезоната. Откако во клубот конечно дувнаа позитивни ветришта со нов газда, инвестиции, стабилност и модерен тренинг камп, на пролет може да стигне до голем историски јубилеј.
По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.
Пишувањата на македонските портали дека поранешен фудбалер на Арсенал има шанси да го гледаме на Филип Втори во дрес на Вардар, нè скокотнаа да провериме дали има вистина во тоа.