Џордан Пил досега се има докажано дека има осет за хорори, до тој степен што се осмели да преправа „Зона на самракот“, иако не најсреќно, но сепак: После „Ние“, „Бегај“ и „Ловци“, веројатно може да му се верува.
Во 1982, во Шанел, тогаш модна куќа - еквивалент на стара аристократка, влегува Лагерфелд кој во тоа време работи и за Клое и за Фенди. Иако Шанел е куќа на иновации, во тој период станува досадна и буржоаска, па Лагерфелд сфаќа дека ѝ треба лифтинг и создава пример за креативен директор што се следи до ден денес.
Планот на таткото на едно 15-месечно дете е да му направи алпинистички ѕид во собата на малиот за да го натера да престане да се пентари по мебелот по дома. Резултат: малиот станал ѕвер во пентарење и сега веќе нема каде не може да се качи.
Хилари за време на кампањата ги нарече гласачите на Трамп `deplorables` (отприлика: несаглам). Рози Одонел, жената немесис на Трамп, деновиве излезе со шпекулација дека малиот (10 години) Барон Трамп можеби е аутистичен. Демек она се секира, демек би било супер за свесноста околу ова прашање. Нема она гајле што шпекулира околу здравјето на дете. Заради вакви работи, покрај другите утки, демократите изгубија.
Некои цел живот ќе го бараат својот позив, на некои тоа им е јасно уште на 5 години. А наши деца ќе играат Мајнкрафт и кога ќе пораснат, ќе се чудат што други ги ќаруваат женските.
Татко преполн со филозофски двојби, му го поставува на својот 2-годишен син „проблемот со количката“. По видеово филозофијата веќе не му проблем, сфати дека си има други проблеми. Што се однесува до малиот, изгледа како да ќе реши многу прашања во светот, само никој да не му брои луѓе.
Порт Хурон, Сад, 1855 година. Малиот Томас Алва Едисон на мајка си ѝ предава писмо кое му го дале на школо. Таа го отвора и чита: "Вашиот син е гениј. Нашето училиште е премало за него а нашите учители не се доволно добри да го научат нешто. Ве молиме, сторете го вие тоа." 23 години подоцна, Едисон го наоѓа писмото.
Што би правеле денес и со што би се занимавале некои од најпознатите филмски негативци кога некој како Иванов би решил да ги помилува, во име на смирувањето на тензиите на филмското платно.
Слично како нашата Ивана која го врти светов на мотор (видео и фото приказна) Оана и Михај последново лето решиле да свртат едно кругче наоколу. 41 земја и 28.000 километри. Со нив е и нивниот 4 годишен син Владимир.