Европската организација за спречување на криминалното обложување и местење натпревари се сомнева во регуларноста на мечот Скендербег - Локомотив Москва, одигран во ЛЕ на 10 декември.
Секоја селекција која се пласираше на Европското ќе добие по 8 милиони евра, а наградниот фонд за турнирот во Франција е далеку поголем од сите претходни.
Тимот од Андалузија вечерва од 20:45 во Варшава ќе игра за апсолутен примат во ова натпреварување кое го освојуваше три пати, а украинскиот Днипро ќе се обиде да стави круна на фантастичната сезона.
Зенит ќе се обиде да ги урне надежите на шпанскиот клуб дека може да го одбрани трофејот во ЛЕ освоен лани. Фиорентина против Динамо Киев за влез во полуфиналето.
За разлика од групната фаза кога немаше четврток, а да нема инциденти, четврт-финалните дуели во ЛЕ минаа без навивачки нереди освен во Бриж. Се нагледавме кореографии и гостувања.
Во петок се играат квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година во Франција. Од почетокот до сега слаб ефект имаат Германија, Шпанија, Холандија и Португалија.