Фудбалот кај нас мирува, инаку ако требаше да се игра на ѕиврава, натпреварите ќе мораше да се префрлат во сала. Пред 52 години, Англичаните се соочија со најголемиот студ од 1740-та година и натпреварите мораа да ги одложат 261 пати.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Со два гола и една асистенција на новогодишното дерби против Челси, 21-годишниот Кејн полека го заработува повикот за сениорската репрезентација на Англија. Во 2014-та постигна 15 голови во сите натпреварувања и сега само Агуеро од Сити има подобар скор од него.