Кога ќе запнете, запнато е. Новата скопска катна гаража на нашиот архитект Милан Мијалковиќ и неговиот тим од Виена во својата категорија доби најмногу гласови од глобалната интернет јавност која учествуваше во изборот за престижните архитектонски награди Архитизер.
После толку многу изградени нови згради и објекти во последниве години, засега само една влезе во конкуренција за интернационална награда. И ако ја подбутнеме со гласање, може уште поголем чалам да правиме.