Обама речиси и да не се подготвувал за првата дебата, а Ромни толку бил уверен дека ќе победи што потрошил 25.000 долари на огномет за победата. Има уште.
Откако на еден од синовите на Ромни му се падна задачата да им се заблагодари на Македонците, време е да се запознаеме со оваа негова петорка арслани. Ама, што се битни неговите синови? Ама така и за Буш зборевме.
На 6 недели пред изборите 60% од латино гласачите се за Обама, а 30 за Ромни, проблем што републиканскиот кандидат одлучи да го решава со гостување на еден од најпопуларните латино канали. Уште толку ја упрска работата.