На црниот Џаспер пар медицински институти примениле нова, уникатна терапија за регенерирање клетки од р'бетниот столб кој му бил повреден. И просто убаво е да се гледа како малиот се опоравува.
Ако мислите дека му е многу криво што го рогна малиот во фаца, само забележете му го говорот на телото откако ќе ја предаде жртвата на мајка му. Тоа го прави само мажјак кој е ужасно горд на нешто што направил.
Ако некому СТВАРНО му се заминува од Македонија ама не да оди по Шпании, Зуричи и Канбери па пак секое лето да кмиши овде по роднини - му најдовме место. Среде океан. Најтуѓино, најјабано.
Пријателство, љубов, симпатија, емпатија, тага, среќа, утеха, поддршка, приврзаност... Секогаш кога зборовите не се доволни, ни останува универзалниот јазик на човечката блискост: гушкањето.
Македонската твитер заедница вчера беше во форма играјќи си на тема: Македонски порно наслови. Беа ејакулирани некои феноменални идеи а ние направивме избор од најдобрите. Браво бандо!
Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.
Шофер на ученички автобус добива инфаркт среде возење во полна брзина. За среќа, во авотбусот се вози едно неверојатно прибрано дете. Џереми Вутчик, седмо оддление.
Во параноичното време во кое живеат силните а уплашени држави какви што се САД, сите се потенцијални непријатели и терористи. Можеби Ал Каеда регрутира тригодишни момчиња врзани за инвалидско столче, од кај знаеш? Затоа се тука органите на редот, темелно да ги претресат ваквите андеркавер злостори.