„Фестивалот на јадење книги“ стана традиција - по петти пат се собравме во Пепер да го славиме спојот на храната и читањето. Овој пат публиката одлучи за победниците со гласање: погледнете ги креативните идеи на учесниците.
На денот на нашиот традиционален настан, петтиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме две нови изданија, кои се однесуваат на готвачките вештини на двајца големи уметници.
Вест на тукушто започнатата година во книжевните кругови е дека е пронајден необјавен ракопис на Харпер Ли, продолжение на нејзината славна книга од 1960, за којашто таа ја доби Пулицеровата награда.
Журавочка е некој вид планинско летувалиште во кое што едно евро не е вложено отакако го направил другарот Хрушчов. Вратата од собата години не е лакирана и шири реа, шољата од клозететот прави вирче со вода одоколу, кадата е нечиста... Еден член на македонската екипа ме информира дека бетер е само во Бунец во Маврово.
Во пресрет на нашиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме една фина збирка есеи кои ги комбинираат автобиографските спомени и гастрономските доживувања. Лојзе Визер (1954) е писател, преведувач и издавач, корушки Словенец кој живее во Клагенфурт, Австрија.
На барање на верните читатели на Букбокс, кои почнаа да прашуваат „кога пак?" веднаш по завршувањето на минатогодишната акција, еве го повторно Фестивалот на јадење книги. Местото останува исто, а иста останува и задачата: