Како што Трамп нареди повлекување од Сирија (што отвори пат за влез на Турција) така двете страни од американскиот Конгрес му се ссна, меѓу другото и со аргументи кои прилично држат - а што е со Курдите, а што е со ИСИС борците? А Трамп и за тоа да ти бил спремен.
Во Ирак и Сирија не постои зголемена закана од Иран, порачал британски генерал што од лично искуство го знае ова како актуелен втор човек на анти-ИСИС коалицијата, и со тоа директно ги оспори тврдењата на САД што се користат како оправдување за трупање воени сили во регионот.
За прв пат по долги години друга држава на Израел му кажува: Престани. Барем во Сирија, повеќе нема да може. Фала ти, мајка Русија, пишува Гидеон Леви во израелскиот весник Хааретз.
„Во првата сериозна исток-запад криза после Студената војна, доведени сме во ситуација да се надеваме во руската, а не во американската трпеливост и разум. Тоа е морничава перпектива“, пишува колумнист на Гардијан.
Бидејќи со Трамп никогаш не си на чисто кога е сериозен а кога се чалами со твитови, на клучното прашање за светскиот мир во овој момент, колку САД навистина мислат да се ангажираат во Сирија, некои обриси на одговорот дава воениот буџет на Америка. Не е дека нема пари.
Откако во духот на велигендското чудо шпионот Сергеј Скрипал и неговата ќерка мистериозно закрепнаа (ваистина закрепнаа) од нервниот гас кој, кога требаше, беше „десетпати појак од кој било друг нервен отров на светот“, рефлекторите на западнoтo внимание предвидливо се свртеа на сосема друга страна. Сега рускиот сојузник Асад труел непријатели со нервен отров. Зошто? Е зошто де?