Ама секоја сезона е ова дечки и тој што е заразен со шпанско и спортска, сигурно забележува. Велат кладилниците го вртат фудбалот и сешто може човек да помисли, па зошто да не и една диригирана шема на високо ниво за големи пари м?
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.
Само неколку часа по триумфот на Барселона против Лас Палмас од 3-0 пред празен стадион (празен од безбедносни причини поради нередите во Каталонија), и Реал го одигра својот меч против Еспањол. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше илјадници шпански знамиња во знак на поддршка на унионистите.
Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.
Реал вчера со тешки маки извади бод дома против Лас Памас. Губеа играчите на Зидан 1-3 дури до 86. минута, а најголем кривец за тоа беше Герет Бејл кој во 47. минута од мечот доби два тотално глупи жолти картони и го исклучија.
На церемонијата „ФИФА награди“ во Цирих, наградата фер-плеј ја доби колумбискиот Атлетико Насионал поради предлогот титулата во Копа Судамерикана да ја добие бразилскиот Шапекоенсе.