Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.
Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.
По феноменалниот дует со Хилари (тоа тука) музичката кариера на Трамп продолжува со уште еден дует, овој пат со Најџел Фараж, и еден сингл за своја душа.
Вработените во протокол во кабинетот на Тереза Меј останале подзинати од поканата што Трамп по победата ѝ ја испратил на премиерката, која со целата своја дипломатска протколарност гласела: „Кажи ако доаѓаш накај САД“.
Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.