Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.
Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.
Во првиот ден од годината традиционално фудбал играат само Англичаните и Шкотланѓаните, а тоа беше сосема доволно да го избереме и првиот офсајд лик во 2014-та. Замислете, сефте голот за Арсенал во новата година го постигна Бентнер но...