Парма го купува Верон за 15 милиони фунти, Милан инвестира во Бироф за да игра во тандем со Веа и дава 19 гола од кои 14 со глава, а Симоне Инѕаги завршува како подобар стрелец од брат му Пипо и од Роналдо. Какви носталгични времиња.
По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?
Иако во изминатите децении Тотенхем беше надвор од првата топ четворка на англискиот фудбал, овој клуб важи за еден од најстарите на светот и за првиот англиски клуб кој освоил европски трофеј. Спарс имаат богата историја која годинава го достигнува врвот.
Еден од најпрепознатливите фудбалски дресови на светот сигурно е оној на „Селесао“, бразилската фудбалска репрезентација. Овој дрес веќе 40-ина години трпи мали промени со цел да се сочува традицијата.
Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.
Полемиката Јуве - Интер по суспензиите од два меча за Икарди и Перишиќ трае веќе 7 дена. Навивачите на Интер решија со шпанската ’пањолада’ (бели марамчиња во знак на протест) да искажат револт од одлуките на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација. Делуваше импресивно.
Шпанскиот четвртолигаш Бадахоз открил дека клубот од Торино во целост им ја украл идејата за кампањата за продажба на сезонски влезници. Ќе им простат само ако одиграат пријателска средба.
Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.