Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
Во второто коло од најелитниот европски собир на најдобрите екипи немаше некои големи изненадувања, но затоа не изостануваа драматичните завршници, убавата игра за око и индивидуалните потези. Еве што издвои „Еуроспорт" како најзначајно.