Откако откривме дека пред 25 години влечел ждрепка за англискиот Лига Куп, најдовме уште една спортска новост поврзана со новиот американски претседател, поради која ќе го сместиме во Офсајд.
На дуелот Нант - Пари Сент Жермен во Франција, Марко Верати реши невообичаено да му ја врати топката со глава на својот голман Кевин Трамп, а судијата Јоан Хамел после неколку секунди досуди индиректен удар и му покажа жолт картон на Италијанецот.
Кинезите на Карлоз Тевез му дадоа годишна плата од 38 милиони евра, а денеска на Борусија Дортмунд ѝ понудија 150 милиони евра за Обамејанг. Идни планови? До 2050-та фудбал да заиграат 50 милиони Кинези и да станат Светски прваци.