Изговорена среде старата скопска чаршија, горната изјава може да зазвучи радикално. Но оваа изложба не само што ја промовира, туку и ја поткрепува со наоди од палеолит до денес.
Пред една година пишувавме за намерата на режисерот Стив МекКвин да работи нов проект во кој ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон. Проектот заврши, и ова се неговите искуства.
Репрезентацијата на Алжир со 1-0 го победи Сенегал во финалето на Африканскиот Куп после еден чуден гол уште во 2' минута. Тоа беше и единствен шут на Алжирците за 90 минути и тоа не директен во гол.
Иако во изминатите децении Тотенхем беше надвор од првата топ четворка на англискиот фудбал, овој клуб важи за еден од најстарите на светот и за првиот англиски клуб кој освоил европски трофеј. Спарс имаат богата историја која годинава го достигнува врвот.
Та-та-та-татата-тааа! Во моментов по дома младата генерација го вежба интрото на хитот од 80-тите, во нешто што ни изгледа ко бесконечен луп. Ама некому му текнало да го направи точно тоа среде пустина, и да го нарече уметничка инсталација.