Кога е во прашање Меѓународниот кривичен суд во Хаг, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, е на сличен став како и официјална Москва, дека тој не треба да постои. Што не значи дека Болтон не би го апсел Путин по друга основа.
Навраќајќи се на сопствените недоразбирања со разузнавачките структури во САД, Трамп не пропушти да му спомне на ФБИ дека агентот што требаше да ги открие руските врски на Трамп, е уапсен заради врски со Русија.
Откако беше одблокиран од Твитер, Доналд Трамп сака да си го врати и својот Фејсбук профил. Неговите 4,8 милиони следачи на Truth Social, платформата што самиот ја направи, изгледа нема да бидат доволни за победа на претстојните избори.
Вашингтон пост објавува студија чиј заклучок е дека влијанието на руската операција на Твитер за време на претседателската трка меѓу Трамп и Хилари, било исклучително минимално.