Во истото интервју во кое кажува дека за 9 месеци ја создал вакцината, Трамп ја повика Кина да плати репарации на секоја држава на планетава заради вирусот кој настанал во Вухан.
Од шпанскиот грип до „кинескиот вирус“, именувањето на болестите и вирусите согласно земјата на нивното потекло е криткувано поради поттикнување ксенофобија и расизам. Но именувањето на варијантите на коронавирусот согласно грчкиот алфабет исто така си има свои последици.
Израелските тајни служби со години сакаат да го убијат иранскиот научник и еден од најдобро чуваните луѓе во Иран, Мохсен Фахризадех. На крај наоѓаат начин и тоа го изведуваат без ниту еден нивен оперативец да биде присутен на терен за време на егзекуцијата.
Одлука која опфаќа многу влажни соништа на претходната администрација и нејзини фанови, е на добар пат да биде уште една од клучните сцени (по евакуирањето на амбасадата во Кабул) кои ќе го обележат владеењето на Бајден.
Документите не се протечени туку се добиени по основа на слободен пристап до информации, и откриваат детали за американското финансирање на експерименти со неколку видови на коронавируси во Институтот за вирологија во Вухан.
Минатата година 72-годишниот Дејв Смит закачува ковид за време на првиот бран во Британија. Од тогаш Смит има 42 позитивни тестови и седум посети на болници, пред да успее да го исчисти ковидот од себе.
Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.