Во последните неколку недели бунтот против расизмот и полициското насилство се рашири по целиот свет. Спортот на овие протести им ја подари главната форма на изразување - клекнување на колено.
Името кое најчесто се споменува во светските медиуми овие неколку недели е Џорџ Флојд, Афро-американецот кој беше брутално убиен од полицаец-садист кој со колено го гушеше неколку минути.