Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
Лајпциг ама баш ни малку не го погаѓа омразата со која што го пречекуваат по германските стадиони поради тоа што пропагира “модерен фудбал и бизнис“. Тимот чијшто спонзор е гигантот Ред Бул е лидер во Германија.
Никој во Бундеслигата не го сака РБ Лајпциг. Тоа знаете. Но дали знаете дека овој тим собра 12 бода на првите шест меча сезонава а главен џокер на тимот е 19-годишниот Оливер Бурк чија асистенција го испровоцира првиот пораз на Борусија Дортмунд.
На 16 септември 1992-ра, најелитното клупско европско натпреварување ја стартуваше новата ера со логото UEFA Champions League, а оваа сезона ќе слави четврт век постоење. Ова е мал дел од највозбудливите моменти на најголемото фудбалско уживање кое во вторник и среда во 20:45 нè бетонира пред тв.
Поранешниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Кајзерслаутерн и новосадска Војводина се соочува со казна затвор од 10 до 15 години поради шверц на речиси 1 тон марихуана со камион.
Прекрасната сезона на Аспиринџиите во која победуваа секој и секаде заврши неславно затоа што во рок од две недели загубија во клучните битки на сите три фронта и не освоија ниту еден трофеј.
Баерн Минхен во 2001. година против Валенсија на Сан Сиро после продолженијата и подобро изведените пенали го освои пехарот во ЛШ по четврти пат во својата историја. Тоа финале ќе се памети засекогаш по еден од најемотивните настани во фудбалот.