Дел од екипата: Jon Stewart, Adam Sandler, Ben Stiller. Chris Rock, Howie Mandel. J.J. Abrams, John Mulaney, John Oliver, Olivia Munn, Rob Corddry, Robert De Niro, Stephen Colbert, Will Forte.
Во поранешна Југославија, дури и децении после војната, беа доволни двајца сведоци дека некој се борел против окупаторот за тој да ги добие бенефициите што му следуваат од статусот борец. Исто, ама обратно, е денес во Холивуд. Со сведоци се губат сите бенефиции и статуси што човек ги има изработено. Њујорк тајмс за СиКеј нашол пет. Една од нив: разговарале по телефон и таа слушнала (?!) како тој, на другата страна на муабетот - мастурбира. Амејзинг.
На Патриша Аркет одеднаш ѝ текна дека на времето филмскиот режисер Оливер Стон ѝ пратил букет ружи. Што ѝ било чудно. А другпат пак, ја прашал, „што вака со дечко?“ И ете ти sexual harassment.
По неколку месечна пауза и борење со кечери, Џон Стујарт повторно се враќа на работа, ама овој пат во матичната куќа на Бил Маер и Џон Оливер. Почетниот договор е потпишан на 4 години.
Најголемата заблуда околу Дејли Шоу, Ласт Вик Тунајт или кој и да може како по нарачка да извади клипови од архива, е претпоставката дека тие имаат цела легија ботови кои следат и паметат се што се случува на телевизија, па во секое време можат да го најдат потребниот исечок и потребните зборови што ти требаат за во сегментот. Нормално дека немаат.