Замислете ја оваа збирштина на познати фудбалери во еден тим како што ги сместиле во видеово. Па секој меч ќе биде прекинуван поради недоволен број на играчи на терен. Пола од нив сигурно ќе папаат црвени картони. Некои стартови кои ги имаат направено директ на цеваница се за во затвор.
Ако легендарниот германски голман добие прашање: Кога ве направиле најголем мајмун во игра еден на еден, ќе треба да се наврати во 1993-та кога бранеше за Карлсрухер, а во нападот на Ајнтрахт Франкфурт играше легендарниот Нигериец, Окоча. Со Кан го оркаа уште тројца од негова екипа.
„Среќа што Роберто Карлос кој му беше цимер бил присутен во собата кога Роналдо доживеал страшен напад, го голтнал јазикот и се тресел“, вели докторот кој ги проучил сите документи и анализи околу здравствената состојба на Феноменот кој бил приморан да го игра финалето.
Тони Крос честиташе Нова година со смешна слика каде наместо 2017 стојат знамињата на Бразил и Германија кои го симобилизираа дебаклот на „кариоките“ на Мундијалот. Легендарниот Роналдо доседливо му одговори со знамиња и го потсети на 2002-ра.