Минатава недела ја одбележаа неколку крупни настани. За ниту еден од другите освен тоа што улетав во офнетовските зеленила не ме боли уво и неам намера да ги третирам така што Горан Михајловски би помислил дека му трчам по лебот и во секси ќошето на „Вест" би наредил да ја стават мојата омилена сексуална поза: шеесништо.
Се сеќаваш ли на твојата колумна со муабетот, Љубчо, Бранко е... стави шприцер да се лади, еве ме, доаѓам? Удри им еден риспекат што те послушале.Леонид